Почетна » Новости » Занимливости » Вечна љубов: „Свадбена“ фотосесија на пар кој е во брак 68 години

Вечна љубов: „Свадбена“ фотосесија на пар кој е во брак 68 години

Некои љубовни приказни траат вечно.

Таква е приказната на Вера и Мел. Таа има 90 години, а тој 95, но времето не ја намалило нивната љубов. За да ја овековечи нивната специјална врска, фотографката Сујата Сетија им направи романтична „свадбена“ фотосесија за која Вера позираше во венчаница.

Заљубените старци се заедно 72 години, од кои 68 години се во брак. Кога се запознале, Вера имала 18 години, а тој тукушто се имал вратено од воена служба за време Втората светска војна. За тој момент, Вера рекла: „Во моментот кога го видов, посакав да биде мој и го добив!“.

Вера и Мел Вера и Мел Вера и Мел Вера и Мел

На прашањето која е тајната за среќен брак, тие одговараат: „Морате да бидете издржливи. Секогаш бидете еден покрај друг. Сè додека се имате еден со друг, можете да издржите сè“.

Мел и Вера надминале многу пречки заедно, но тековната пандемија и неможноста да ги видат нивните деца, внуци и правнуци е една од најголемите. За среќа, се имаат еден со друг.

Вера и Мел Вера и Мел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.