Коронавирусот принуди многу парови да ги откажат или одложат своите свадбени прослави.
Тоа морале да го направат и Ели и Џо, кои се подготвувале да се заколнат на вечна љубов во април. Сепак, заљубените младенци не му дозволија на вирусот да им ја украде среќата и стапија во брак во нивната дневна соба во присуство на најтесниот круг од роднини и пријатели.
„Сред целиот овој хаос, одлучивме дека немаме ништо против да ја одложиме нашата свадба, но не сакавме да го одложиме нашиот брак. Одлучивме дека најзначајното место за да го започнеме нашиот брак би бил нашиот дом. Го тргнавме целиот мебел од нашата дневна соба, поставивме столици и изработивме олтар. Ги искористивме свеќите коишто ги имавме како декорација за да создадеме амбиент и поставивме конфети за нашиот голем бакнеж.“
„Им се јавивме на роднините и пријателите за да им го кажеме нашиот план. Благодарни сме за сите што дојдоа за да ни го остварат ова и што нè поддржаа во овие луди времиња. Сè беше на минимум поради вирусот и се потрудивме сè да биде безбедно“
„Се надевам дека нашиот брак ќе остане ‘млад’ во смисла секогаш да останеме лудо вљубени еден во друг, како што сме денес. Се надевам дека ќе продолжиме да се поддржуваме и да се потсетуваме дека вредиме. Се надевам дека ќе се избираме еден со друг секој ден и дека ќе работиме напорно на нашиот брак, дури и кога изгледа дека е претешко за да се справиме. Се надевам дека ќе видиме повеќе од светот заедно. Се надевам дека ќе создадеме семејство исполнето со љубов, вера, традиции и многу смеа... Почестена сум што имам можност да остарам со него“ – пишува Ели.