Коронавирусот откажа/промени милиони планови. Во време на пандемија, апсолутно ништо не изгледа како порано, вклучително и свадбите.
Една од необичните венчавки годинава е на пар од Калифорнија, кој не дозволи позитивен тест да му го уништи свадбениот ден.
Патрик Деладо и Лорен Хименез испланирале безбедна, интимна свадба, но неколку дена пред да се заколнат на вечна љубов, таа дознала дека е инфицирана со коронавирус. За да не им пропадне дозволата за склучување на брак, тие решиле сепак да си го реализираат замисленото, само со одредени измени.
За време на церемонијата, невестата седеше на прозорецот на вториот кат на куќата додека младоженецот го изговори судбоносното „Да“ од дворот.
Свадбената фотографка која ги сподели фотографиите, ја појасни фотосесијата: „Што да правиш ако тестот е позитивен 3 дена пред твојата венчавка, а сите околу тебе се негативни? Твојата дозвола за брак истекува на закажаниот свадбен ден и државата е затворена, па не знаеш кога следно ќе можеш да се мажиш! Единствениот разумен одговор е да ги искористиш сите години на гледање на најдобриот дизниев филм ‘Златокоса’ и да креираш прекрасна церемонија на која ќе се омажиш за љубовта на твојот живот додека си во карантин. Вчера беше КОВИД венчавка и имавме реална КОВИД невеста, но Лорен и Патрик сепак си разменаа заклетви и прстени и се заколнаа на вечна љубов.“