Германија неочекувано го освои златото во уметничко лизгање во двојки на Зимските олимписки игри.
Аљона Савченко и Бруно Масот не ги задржаа солзите-радосници по завршувањето на перфектниот настап кој им донесе рекорден број поени.
Иако беа четврти на листата по кратката програма, со фасцинантната изведба во слободната програма, талентираните Германци избија на водечката позиција на табелата.
„Прекрасно е да се дојде од четврто на прво место, неверојатно е“ - рече Масот.
Погледнете ја брилијантната изведба која им донесе рекордни 159.31 поени и со која стигнаа до победнички резултат од 235.90 поени.
Сребрениот медал заврши во рацете на Кинезите, додека Канаѓаните се закитија со бронзен медал.