Мираи Нагасу го одушеви светот со својот настап на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
24-годишната девојка е првата Американка која има изведено троен аксел на Олимписки игри. Само уште две Јапонки го имаат направено успешно комплексниот скок на олимписко натпреварување.
„Можеби е во јапонските гени, но за среќа, јас сум Американка, па ќе бидам првата американска дама“ - рече таа.
Видео
Нагасу му помогна на тимот на САД да стигне до бронзениот медал. Пред нив застанаа Русите, а златото заврши кај Канаѓаните.
You go girl! #MiraiNagasu became the first American woman EVER to land a triple axel at the #WinterOlympics. pic.twitter.com/f4vcCT27LN
— InStyle (@InStyle) February 12, 2018