Облечете различни чорапи на двете нозе или пак ставете ги најшарените чорапи кои ги поседувате и споделете фотографија на социјалните мрежи со хаштаг #LotsOfSocks или #WorldDownSyndromeDay. Прославете за различностите кои го прават светот поинтересен и позабавен!
Денес се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, ден кој има за цел да ја подигне свеста кај луѓето за ова нарушување. Седењето дома не мора да значи и крај на важните разговори кои ги рушат стереотипите.
Луѓе од целиот свет споделуваат фотографии на социјалните мрежи на кои позираат со различни и забавни чорапи во домашни услови. Придружете им се!
Носењето различни чорапи е моќна кампања, која ги охрабрува луѓето да носат впечатливи или различни чорапи кои ги слават различностите. Иницијативата има цел да поттикне разговор за инклузијата, уникатноста и прифаќањето на сите луѓе.
Today is the day!
— World DS Day (@WorldDSDay) March 21, 2020
Wherever you are and whatever you are doing, show us your socks.
Add your photo in the comments (on the original post) and then share the post on your profile. Let's see how many socks we can get!#LotsOfSocks#WorldDownSyndromeDay pic.twitter.com/miNiqZSlj8
Во декември 2011 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 март за Светски ден на лицата со Даунов синдром и ги покани сите земји членки и сите релевантни организации да го одбележуваат овој ден со цел да се подигне свеста.