Новороденче стана вирален хит откако мајка му објави фотографии од неговата густа коса на социјалните мрежи.
Малиот Џексон-Џејмс од Северна Ирска се родил осум недели предвреме и ја изненадил мајка си што имал толку многу коса на главата. Сега тој има три месеци, и неговите прамени растат забрзано, а тоа пред сè се должи на лекарствата кои тој мора да ги прима поради состојбата со која е роден – хиперинсулинизам.
@shannona09 14 weeks old yes my baby has lots of hair a title="transformation" target="_blank" href="https://www.tiktok.com/tag/transformation">##transformation ##dressup ##babyboy ##cute ##momsoftiktok ##MyHappyPlace ##CreativityForGood ##fypシ
♬ Astronaut In The Ocean - Masked Wolf
@shannona09 Reply to @whatsitallabout3 all from my camera roll…has you know your always going to get different lighting ️
♬ Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod
Кога ги објавила фотографиите, неговата мајка Шенон воопшто не очекувала дека тој ќе привлече толку големо внимание на интернет.
„Џексон-Џејмс се роди осум недели предвреме, па бевме многу изненадени што тој имаше толку многу коса. Хиперинсулинизмот засега едно на 30.000 бебиња. Неговиот панкреас произведува премногу инсулин, што доведува до намалено ниво на шеќер во крвта. Тој мора да прима лекарство наречено Diazoxide.“
„Страничен ефект на лекарството е растење на косата. Луѓето секогаш се изненадуваат кога ќе го видат него и косата којашто ја има. Го објавив на социјалните мрежи по неговото раѓање. Воопшто не очекував дека некоја од моите објави ќе стане вирална. Како и сè на социјалните мрежи, морате да очекувате добри и лоши коментари. Понекогаш ме обвинуваат дека му ги цртам веѓите и дека користам филтри, но искрено, мене тоа ми е смешно. Но, целокупните реакции се прекрасни“ – вели Шенон.