Поврзаноста помеѓу мајките и децата е нераскинлива и трае вечно.
Четворица браќа на специјален начин ѝ изразија поддршка на нивната мајка која се бори со рак. Во емотивниот момент кога се собраа за да ѝ ја избричат главата на мајка им, добродушните момци си ги скратија и нивните коси заедно со неа.
Овој момент беше овековечен со видео кое е прегледувано над 50 милиони пати на TikTok. „Ова беше најтешкото нешто што морав да го направам во мојата кариера како бербер. Те сакаме мамо и ќе бидеме покрај тебе во оваа борба“ - напиша едниот син во описот.
@delahoyde Hardest thing ive ever had to do in my career as a barber. We love you mum & will be right with you through this fight #fyp #foryou #fuckcancer #mum ♬ These Memories - Hollow Coves
Тие споделија фотографии пред и по кратењето на косите.