Принцот Луи денес го слави вториот роденден. По тој повод, Кенсингтонската палата објави мал фото-албум кој го потпишува војвотката Кетрин, а во кој слаткиот принц е главна ѕвезда.
Фотографиите биле направени во имотот во Норфолк кој кралицата им го подари на Кетрин и Вилијам за свадбата.
На фотографиите, Луи остава колоритен отпечаток со дланката.
Многу фанови на британското кралско семејство побрзаа да укажат дека малото детенце наликува на неговата мајка додека други го споредуваат со Вилијам и принцот Џорџ.
Луи е најмалото дете на Вилијам и Кетрин кои се родители и на принцот Џорџ и принцезата Шарлот.