Принцот Луи наполни четири години.
Најмалиот син на војвотката Кетрин и принцот Вилијам изгледа неодоливо на фотографиите објавени по повод неговиот роденден.
Фотографиите се направени од Кетрин на плажа во Норфолк, а на нив Луи си игра со топка за крикет.
Луи е најмалото дете на Вилијам и Кетрин кои се родители и на принцот Џорџ и принцезата Шарлот.