Принцот Луи присуствуваше на церемонијата „Trooping the Colour“ за роденденот на кралот Чарлс и повторно стана хит.
5-годишниот син на принцезата Кетрин и принцот Вилијам го украде вниманието со своите неодоливи и смешни гримаси.
Малото момче се возеше во кочија заедно со принцезата Кетрин, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и кралицата Камила, а потоа го следеше воздушниот спектакл од балконот на Бакингемската палата заедно со семејството.
Малиот принц Луи првпат стана хит со гримасите во јуни минатата година, на јубилејот на покојната кралица Елизабета II.