Почетна » Новости » Занимливости » „Нема прегратки, нема бакнежи, само телефони“: Вирално видео од дочекот на новата година во Париз

„Нема прегратки, нема бакнежи, само телефони“: Вирално видео од дочекот на новата година во Париз

Видео од дочекот на новата 2024 година во Париз стана вирален хит, затоа што ја покажува реалноста во којашто живееме.

Во него се прикажани последните секунди од старата и почетокот на новата година. Сите присутни ги држат телефоните со цел да го снимат огнометот кај „Триумфалната порта“, а никој не ужива во него.

Ова видео поттикна многу спротивставени коментари на социјалните мрежи. Додека некои велат дека ова е тажно, други коментираат дека е нормално луѓето да сакаат да си ги снимат моментите за да ги имаат засекогаш.

„Нема прегратки, нема бакнежи, само телефони. Колку тажно“.

„Не гледам ниту една прегратка, колку ужасна Нова година“.

„Зошто луѓето мислат дека треба да го споделуваат секој момент од приватниот живот на овие платформи?“

„Само си го зачувуваат моментот за подоцна“.

„Веројатно никогаш нема да се навратат и да ги гледаат овие видеа“.

„Ова му овозможува на некого да ужива во моментот повторно и повторно“– ова се дел од коментарите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20893 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.