Уште во првите минути од 2014 година, Дубаи сруши уште еден рекорд, организирајќи го најголемиот огномет кој одушеви милиони луѓе низ целиот свет.
Колоритниот спектакл бил планиран десет месеци, а траел околу шест минути. Уште во првите 60 секунди биле истрелани доволно ракети за да биде срушен претходниот рекорд.
Од Гинисовата книга на рекордите потврдиле дека вкупно биле истрелани над 500.000 ракети. Се проценува дека за грандиозниот огномет биле потрошени 6 милиони долари.