Почетна » Новости » Занимливости » Невеста ја претвори венчаницата на мајка си во комбинезон за забавата пред свадбата

Невеста ја претвори венчаницата на мајка си во комбинезон за забавата пред свадбата

Пред свадбата, невеста доби прекрасен подарок од мајка си.

Кога Девон Ламбур се верила со саканиот Дилан, нејзината мајка Бет знаела што треба да направи. Таа на Девон ѝ го испратила невестинскиот фустан кој го носела на свадбата со нејзиниот татко пред 40 години.

30-годишната невеста била пресреќна и трогната од гестот на мајка си. Сепак, Девон отсекогаш сонувала да избере своја венчаница за најважниот ден од својот живот, па решила фустанот на мајка си да го носи на забавата еден ден пред свадбата.

„Многу сакав да си изберам мој невестински фустан за нашиот голем ден, па се согласивме дека ќе ја носам оваа венчаница за забавата пред свадбата“ – рекла таа.

По долго размислување како да го прилагоди фустанот на својот стил, Девон решила да го претвори во елегантен комбинезон.

Невестински фустан

Потребни биле девет месеци за да се трансфрормира фустанот во комбинезон, а сето тоа ја чинело Девон 1.000 долари.

Девон признава дека е среќна што нејзината мајка се согласила да се трансформира фустанот. „Ѝ се јавував секојпат кога ќе правев проба на фустанот. Ова беше специјално искуство за нас“ – вели радосната ќерка.

Невестински фустан Невестински фустан Невестински фустан
@devlambur Would you believe this (what use to be) wedding dress is 40 years old?!?!? #wedding #weddingtiktok #bride #bridetobe #uniqueweddingideas #uniqueweddingdress #welcomepartyoutfit ♬ Dangerous Woman - Ariana Grande
Невестински фустан Невестински фустан Невестински фустан Невестински фустан Невестински фустан Невестински фустан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.