Почетна » Новости » Занимливости » На 3-годишна возраст ја пробала венчаницата на мајка си, по 23 години ја носеше на сопствената свадба

На 3-годишна возраст ја пробала венчаницата на мајка си, по 23 години ја носеше на сопствената свадба

Невеста од Флорида носеше венчаница со сентиментално значење. Станува збор за истиот невестински фустан кој мајка ѝ го носела кога се венчала со татко ѝ.

Имено, Илана Карцински првпат го облекла фустанот кога имала само 3 години, а сега, 23 години подоцна, го носеше на сопствената свадба.

Таа сподели видео на Instagram и во него напиша: „Кога имав 3 години, моите родители ме натераа да го пробам невестинскиот фустан на мајка ми и го снимија тој момент. 23 години подоцна, јас го носев истиот на мојата сопствена свадба.“

Реакциите на нејзините родители кога ќе ја здогледаат во фустанот ќе ви го стоплат срцето:

Илана направила мали промени кај ракавите на фустанот.

Илана Карцински

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20792 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.