Почетна » Новости » Занимливости » Жена создаде Facebook група за да им помага на идните невести да си најдат бесплатна венчаница

Жена создаде Facebook група за да им помага на идните невести да си најдат бесплатна венчаница

Понекогаш потребен е еден чекор за да се поттикне лавина од љубезност, добрина и меѓусебна поддршка.

Гвендолин Стулгис успеа да предизвика „домино ефект“ откако одлучи да го подари бесплатно својот невестински фустан на идна невеста која не може да си дозволи да си купи венчаница. Набрзо, многу други жени го следеа нејзиниот пример.

Гвендолин Стулгис Гвендолин Стулгис

По свадбата, Стулгис сфатила дека фустанот кој некогаш силно го посакувала и едвај успеала да си го купи за свадбата, сега стои во аголот од нејзиниот плакар. Не сакајќи нејзината дизајнерска креација од 3.000 долари да биде носена само еднаш и никогаш повеќе, таа ја создала Facebook групата „Shared Dream Dresses“ со цел да ја подари истата. Ниту во најлудите соништа, не очекувала дека тоа ќе прерасне во катче за ширење љубезност и хуманост.

„Мојата свадба дојде и си замина, а јас имав прекрасен фустан без дом. По многу размислување, одлучив да го подарам мојот невестински фустан. Сакав да отиде во рацете на жена која заслужува да има фустан од соништата, но не може да си го дозволи. Се чувствував прекрасно во него и сакав и некој друг да се чувствува така.“

„Сакав таа личност да се чувствува вредна. Сакав да го има фустанот од соништата без да треба да се грижи за купување“ – рекла Гвендолин.

Гвендолин Стулгис Гвендолин Стулгис

Преку нејзината група денес, идни невести се поврзуваат со жени кои веќе го поминале најспецијалниот ден со цел да добијат бесплатна венчаница.

„Создадов група со намера да го споделувам мојот фустан и пет други венчаници кои ми беа подарени. Никогаш, ниту во моите најлуди соништа, не мислев дека потребата е толку голема или пак дека групата ќе обедини жени кои помагаат и охрабруваат други жени на ваков прекрасен начин.“

„Многумина се тука само да за шират љубезност и да ги охрабруваат другите“ – рекла таа.

Невестите кои ги добиваат фустаните смеат да ги преправаат и коригираат по сопствен вкус, но откако ќе ги однесат на хемиско чистење по свадбата, треба да ги вратат во групата за друга невеста да може да ги избере.

Гвендолин Стулгис Гвендолин Стулгис Гвендолин Стулгис Гвендолин Стулгис

Групата брои околу 20 илјади члена и благодарение на неа досега над 200 невести имаат носено бесплатна венчаница.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20791 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.