Почетна » Новости » Занимливости » Неверојатна трансформација на анорексична девојка која тежела 29 кг и била на работ на смртта

Неверојатна трансформација на анорексична девојка која тежела 29 кг и била на работ на смртта

Тешко е да се ослободиш од канџите на анорексијата, а Гема Вокер добро го знае тоа. 22-годишната девојка цели седум години се борела со нарушување во исхраната и била на работ на смртта, но конечно успеа да извојува победа.

Анорексичната Австралијка се спаси од сигурна смрт и сподели фотографии од својата трансформација за да ги инспирира и да им помогне на оние кои се соочуваат со истата ситуација.

Гема Вокер

На Вокер ѝ била поставена дијагноза анорексија и булимија кога имала само 14 години. Нејзината состојба била предизвикана од екстремни диети, бидејќи сакала да изгледа како другите девојки во училиштето. Два месеци по започнувањето на диетата, таа тежела само 29 килограми и докторите ја предупредувале дека ако не започне со терапиja, нејзиниот живот може да згасне во секој миг. Тие ѝ прогнозирале уште 48 часа живот.

Гема Вокер Гема Вокер

Во изминатите седум години, таа три пати била примена на лекување во болница. Понекогаш дури и се самоповредувала, за да се справи со болката.

Откако решила да започне со подобрувањето на својата здравствена состојба, Гема имала проблеми со неконтролирано јадење. Таа за 20 минути консумирала по 6.000 калории, што доведувало до онесвестување и халуцинации.

„Моето заздравување беше многу трауматично. Тежината брзо ми се зголеми. За помалку од седум месеци се здебелив 40 килограми. Ја покачив тежината, но ментално бев во лоша состојба“ – вели Вокер.

Гема Вокер Гема Вокер Гема Вокер

„Тешко ми е да ги гледам старите фотографии, не заради тоа како изгледав, туку поради тоа како се чувствував. Кога гледам во секоја фотографија, се сеќавам точно како се чувствував. Се чувствував глупаво, деновите поминуваа и секој ден посакував да починам мирно додека спијам“ – изјавила таа.

„Тие беа најтешките и најзастрашувачките години од нашите животи. Ја проверувавме секое утро за да видиме дали сè уште дише, да видиме дали нејзиното слабо срце сè уште чука“ – рекол нејзиниот татко.

Гема сега може да се пофали дека веќе шест месеци е во добра здравствена состојба.

Гема Вокер Гема Вокер Гема Вокер Гема Вокер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20794 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.