Почетна » Новости » Занимливости » „Не мора да избираш меѓу семејството и работата. Можеш да ги имаш и двете. Не е лесно, но го можеш ти тоа“

„Не мора да избираш меѓу семејството и работата. Можеш да ги имаш и двете. Не е лесно, но го можеш ти тоа“

Блогерка во искрен текст ги охрабрува мајките да не се откажуваат од кариерата кога ќе родат дете и им се заблагодарува на сите луѓе кои имаат разбирање кон жените кои имаат мали деца дома.

Џејми Џонсон има 2-годишен и 5-годишен син, но успева да балансира меѓу професионалниот и семејниот живот. Таа вели дека не е лесно да се гради кариера и да се растат две мали деца, но дека е возможно.

Џејми испраќа порака дека шефовите и колегите на мајките со мали деца треба да имаат поголемо разбирање кон нив.

Џејми Џонсон

Ве молам, престанете да ме осудувате што си заминувам од канцеларијата точно во 17.00 часот, но моите деца ме чекаат да ги земам од кај дадилката.

Знам дека го пропуштам овој состанок, но поважна ми е приредбата во градинка на моето дете.

Знам дека задоцнив денес, но не можам да го оставам детето во дневен престој пред 7.45 часот наутро.

Знам дека изгледам расеано, бидејќи сум расеана. Моето дете е болно и чекам да ми кажат кога може да го однесам на педијатар.

Не сакам да изгледам исцрпено кога доаѓам во канцеларијата, но будна сум од 4.30 часот наутро со дете кое плаче неутешно.

Знам дека имам празен поглед, но ги поминав изминатите 12 часа обидувајќи се да го заспијам бебето.

Немав намера мојот мејл да звучи остро, но моето 5-годишно дете плачеше утрово дека не сака да оди на училиште и сум загрижена за него.

Да, тукушто си ја акнав главата од бирото. Примив порака дека моето дете има конјуктивитис и дека морам да излезам од работа за да го земам, иако наближува крајниот рок за овој извештај.

Знам дека очите ми се многу потечени. Цела ноќ плачев дека сум истоштена, дека никогаш не сум сама и дека не сум уживала под топол туш цели пет години.

Извини што само накратко поразговарав со тебе, но изминатиов час го поминав во расправии со моето мало дете, објаснувајќи му дека мора да носи панталони кај дадилката.

Знам дека би требало да го оставам мојот личен живот зад прагот кога се упатувам во канцеларијата, но кога си мајка на две мали деца, тоа е тешко.

Па, им благодарам на сите кои имаа милост кон мене во изминатите пет години.

Би било добро да можам и јас да имам малку милост кон себе.

Не е лесно да бидеш мајка на мали деца и да работиш полно работно време.

Му благодарам на секој шеф што ми дозволи да излезам од работа за да одам на лекарски прегледи, на ненадејно боледување, на приредби во градинка и на училишни настани.

Им благодарам на сите луѓе кои не ми замеруваа кога бев бремена и морав да го напуштам состанокот за да повраќам.

Им благодарам на сите кои ми дадоа до знаење дека исто како мене минуваат низ тежок период обидувајќи се да воспостават баланс работа/живот/деца.

Им благодарам на сите луѓе што ги игнорираа моите потечени очи, истоштеното лице и повраќаниците на мојата блуза.

Им благодарам на сите други мајки кои одлично се справуваат секој ден и ме мотивираат да продолжам понатаму.

Им благодарам на сите луѓе кои ме охрабруваа да продолжам во моментите кога се предавав.

Им благодарам на сите колеги кои ги преземаа моите обврски, бидејќи јас морав брзо да излезам од работа за да се справам со итен случај со децата.

Знам дека не сум единствената мајка која работи на светот, но јас сум мајка која работи и потполно разбирам низ што минуваш.

Знам дека чувствуваш дека треба да компензираш што си задоцнила на работа и што мораш да заминеш во минутата кога часовникот ќе покаже 17.00 часот.

Те разбирам кога ручаш на бирото затоа што си морала да излезеш на паузата за да го земеш детето од кај дадилката, да го однесеш на преглед и пак да го вратиш кај дадилката за да присуствуваш на состанокот во 14.00 часот.

Знам дека понекогаш кога одиш на работа изгледаш како да те нападнало јато птици, бидејќи децата не можеле да си ги најдат чевлите, дека си им дала погрешна боја панделка или дека си заборавила да го однесеш омиленото мече кај дадилката.

Разбирам дека си уморна. Веројатно и истоштена.

Но, знам дека понекогаш си многу поспособна и повредна отколку што си мислиш.

Не мораш да избираш помеѓу два света кои ги сакаш. Можеш да ги имаш и двата. Можеш да имаш и семејство и кариера. Не е лесно, не е возможно.

Да, понекогаш тие два света ќе се судрат и ќе го комплицираат животот, но вреди.

Затоа, не запирај! Не се откажувај! Го можеш ти ова!

П.С. Нема сите луѓе да можат да разберат. И тоа е ОК.

До следниот пат,

Џејми

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23305 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.