Почетна » Новости » Занимливости » „Не можеш да видиш, но ти си совршена за твоето бебе“: Прекрасен текст ги советува мајките да бидат понежни кон себе

„Не можеш да видиш, но ти си совршена за твоето бебе“: Прекрасен текст ги советува мајките да бидат понежни кон себе

Мајките најчесто се престроги кон себе и ги оценуваат нивните родителски вештини според чистотата на нивниот дом, состојбата на нивната облека и натрупаните садови во мијалникот.

Менди Тарло со прекрасен текст ги потсетува мајките дека нивните бебиња воопшто не ги забележуваат нивните „лоши страни“ и дека за нив тие се совршени. Во колумната, авторката ги опишува ситуациите од гледна точка на мајката и на бебето, доловувајќи ја разликата во нивните гледишта.

Менди Тарло

Не можеш да го видиш во 5 часот наутро, кога бебето повторно се разбудило рано, а твоите очи се толку потечени што ниту еден крем за подочници нема никакви шанси.

Но, тој беше таму, еден совршен момент кога бебето лежеше во креветчето и гугаше „мамамамама“, чекајќи те.

Не го гледаш кога хеланките што ги носиш три дена ти се прекриени со размачкана банана од појадокот.

Но, тој беше таму, еден совршен момент кога неговите лепливи дебелки обравчиња се насмевнаа од уво до уво, викајќи „Ммммм!“.

Не го гледаш кога се обидуваш да му помогнеш на твоето расплакано бебе да се смири за да заспие, а ти едвај ги држиш твоите очи отворени.

Но, тој беше таму, еден совршен момент кога бебето си играше со твојата коса додека се смируваше, а телото му стануваше сè потешко од опуштеност.

Не го гледаш кога подот е прекриен со играчки, а мијалникот преполн со нечисти садови.

Но, тој беше таму, еден совршен момент кога бебето ползеше низ кујната и застана до тебе за да гледа како ги миеш садовите.

Не ја гледаш кога ќе се погледнеш во огледалото пред да си легнеш и ќе помислиш: „Господе! Што е случило со мене?“ Не можеш да почувствуваш кога ја гледаш твојата неуредна куќа, кога очајно ја чешлаш браздата во твојата коса од коњското опавче старо неколку дена или кога се прашуваш каде отидоа сите чисти градници.

Но, таа е таму, една совршена Мајка за нејзиното бебенце кое по цел ден му се смее и го обожава истото лице кое ти го критикуваш во моментов. Бебенце кое си легнува сеќавајќи се на сите тие совршени моменти.

Да го поздравиме намалувањето на критицизмот и зголемувањето на милоста.

Менди Тарло

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21664 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.