Почетна » Новости » Занимливости » Најстарата родилка на светот: На 72 години роди момче, таткото има 79

Најстарата родилка на светот: На 72 години роди момче, таткото има 79

Жена за првпат стана мајка на 72-годишна возраст и се смета дека е најстарата родилка на светот.

Далиндер Каур од Индија и нејзиниот 79-годишен сопруг Мохиндер Гил му посакаа добредојде на своето прво дете на 19 април. Момчето било зачнато со помош на ин витро постапка во контроверзна индиска болница, а се родило тешко 2 килограми. Тоа го добило името Арман, што значи „желба“.

Далиндер КаурДалиндер со сопругот и бебето

Далиндер вели дека е пресреќна и дека конечно животот ѝ е комплетен. „Бог ги слушна нашите молитви. Ова е многу важно за нас. Мојот живот сега е комплетен и можам да живеам среќно. Се грижам за бебето сама и чувствувам дека сум полна со енергија. Мојот сопруг исто така е многу грижлив и ми помага колку што може“ – изјавила таа.

Датумот на раѓање на новата мајка не е познат, бидејќи таа, како повеќето Индијци, нема извод од матичната книга на родените. Но, од клиниката изјавиле дека Далиндер има 72 години, што ја прави најстара родилка на светот. „Таа рече дека е 5-7 години помлада од својот сопруг, а неговиот извод од матичната книга на родените покажува дека тој е роден на 12 април 1937 година“ – рекол сопственикот на болницата.

Далиндер КаурБолницата каде што се породи Далиндер

Далиндер и Мохиндер се во брак 46 години, а претходно имале две неуспешни ин витро постапки.

Благодарение на истата клиника, претходно добија свои деца и Рајо Деви Лохан, која досега се сметаше за најстара родилка на светот, како и нејзината сонародничка Бхатери Деви, која роди тројка на 66 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.