Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно видео: Невеста ѝ го подари букетот на својата мајка и ја трогна до солзи на свадбата

Емотивно видео: Невеста ѝ го подари букетот на својата мајка и ја трогна до солзи на свадбата

Бријана Кит ѝ приреди едноставно, но значајно изненадување на мајка си за време на својата свадба.

Среќната невеста ѝ го подари својот букет на мајка ѝ Трејси, во знак на благодарност за сè што има направено за неа во животот. „Сакав да направам нешто за мајка ми на денот на мојата свадба, за да ѝ се заблагодарам што ме израсна, што ми е мајка и што секогаш е покрај мене за сè’ – рекла таа.

Мајка и ќерка

Имено, кога дошло време за фрлање на бидермаерот, Бријана одржала емотивен говор со кој ја трогна мајка си до солзи.

„За време на целата свадба нема ништо за мајките. Татковците ги водат ќерките до олтарот, имаат специјален момент кога за првпат ќе ја видат ќерката како невеста, имаат специјален танц татко-ќерка, но нема ништо за мајките.“

„А мајките им го посветуваат животот, телото и душата на своите деца. Па до сите сингл девојки тука, жал ми е, но нема да го фрлам букетот, туку ќе ѝ до посветам на мојата прекрасна мајка“ – вели Бријана во својот говор.

@eventsmith This bride honored her mom at her wedding in the most beautiful way ️ #motherofthebride #momanddaughter #momanddaughtergoals #weddingbouquet #weddingmoments #weddingvideo #weddingphotographer #weddingideas #weddingtiktok ♬ original sound - EventSmith

„Отсекогаш чувствував дека мајката на невестата е изоставена на свадбениот ден и не сакав јас да го направам тоа. Мајка ми заслужува повеќе од тоа“ – рекла Бријана во изјава за People.

Мајка и ќерка Мајка и ќерка Мајка и ќерка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.