Почетна » Новости » Занимливости » Невеста која е во инвалидска количка го изненади до солзи саканиот кога зачекори кон олтарот со помагало

Невеста која е во инвалидска количка го изненади до солзи саканиот кога зачекори кон олтарот со помагало

Невеста од Лос Анџелес му приреди специјално изненадување на саканиот на свадбата.

Челси Хил, која веќе 11 години е во инвалидска количка, се исправи на нозе и со помош на помагало чекореше до својот избраник кој ја чекаше пред олтарот.

„За овој момент сакав да направам нешто за кое отсекогаш сонував“ – изјавила 29-годишната Американка.

Среќниот Џеј не можеше да си ги задржи солзите.

Свадба Свадба Свадба Свадба

Челси останала парализирана од половината надолу по страшна сообраќајна несреќа во 2010 година. Сега, за првпат по една деценија, таа повторно чекореше со помош на протези за нозете и помагало.

„Цел живот си замислував дека стојам до мојот сопруг на свадбениот ден. По несреќата, не знаев дали ќе најдам некој кој ќе ме сака вистински. Ти целосно ме прифати и го обожаваше секое делче од мене. За овој момент денес, сакав да направам нешто за кое отсекогаш сонував. Да стојам покрај тебе додека си ги ветуваме нашите животи еден на друг“ – рекла Челси во својот говор.

@ashajpg

she said she dreamed of the day she’d look her husband in the eye on their wedding day, and she did that

This Shirt - The Irrepressibles
Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба

Челси танцувала од 3-годишна возраст, па и покрај тоа што е врзана за инвалидска количка, таа продолжи да ја следи својата страст. Таа е основач на танчарски клуб за лица во инвалидски колички „Rollettes“.

Челси му подготви специјален танц на Џеј, а претходно танцуваше и со својот татко.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20791 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.