Почетна » Новости » Занимливости » Моментот кога посвоено детенце со една рака за првпат го запознава својот дедо роден со една рака

Моментот кога посвоено детенце со една рака за првпат го запознава својот дедо роден со една рака

Фотографија од првата средба на посвоено детенце и неговиот дедо, и двајцата родени без дел од десната рака, забрзано го освојува светот. Малиот Кирил бил посвоен од Казахстан и првпат гледал друга личност како него.

Крис и Кирил Крис и Кирил

Лесли и Дог Фејси започнале процедура за посвојување уште во 2012 година, а неколку месеци подоцна виделе фотографија од Кирил. Парот од Канада веднаш се заљубил во малото момче, кое исто како татко му на Дог немало дел од десната рака. „Како би можеле да му речеме НЕ на ова мало детенце, кога јас растев со некој како него целиот мој живот и никогаш не ми пречело тоа, ниту пак него го спречило на каков било начин да го прави она што го сака“ – рекол Дог.

„Го гледаш овој човек кој учествувал на Параолимпијада, кој игра фудбал, кој е голем филантроп и успешен бизнисмен. Како би можела да седам и да речам моето дете нема да може да го направи тоа? Тој е совршен пример“ – додала Лесли.

И таткото на Дог, Крис, бил пресреќен кога ја видел фотографијата од Кирил и низ солзи рекол: „Тој е како мене“. „Сите плачевме, зашто толку долго го чекавме тој момент“ – рекла Лесли.

Крис и Кирил

Кирил неколкупати бил посвојуван, но враќан во сиропиталиштето поради неговиот недостаток. Дури и судијата во Казахстан, кој требало да го одобри посвојувањето, неколкупати ги прашал Дог и Лесли дали се сигурни дека сакаат да посвојат дете со една рака. Дог без размислување му одговорил: „Со целата почит, но на ова мало момче не му недостига ништо. Можеби нема рака, но јас не го сметам за хендикепиран“.

Крис и Кирил Крис и Кирил Крис и Кирил Крис и Кирил

Конечно на 13 септември оваа година среќните родители го одвеле 4-годишниот Кирил во својот нов дом. Тогаш, тој за првпат го запознал својот нов дедо Крис, со кого се неразделни. „Тие имаат специјална врска, секогаш кога ќе се видат се поздравуваат со десната рака“ – вели Дог.

Крис и Кирил

Откако парот ја објавил фотографијата од уникатната средба на Facebook, добил море од позитивни реакции и коментари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.