Почетна » Новости » Занимливости » „Мијалникот е секогаш полн, но полно е и моето срце“

„Мијалникот е секогаш полн, но полно е и моето срце“

Мајка со текст ги потсетува родителите на убавите страни од животот со мали деца.

Меган Лапорта вели дека и покрај тоа што мијалникот ѝ е секогаш полн, а деновите ѝ се преполни со активности, таа е среќна, а срцето ѝ е полно со љубов.

Мијалник

Мијалникот е секогаш полн, колку и да се трудам. Без разлика колку време ќе поминам во обиди да го испразнам, без разлика колку збрчкани и мокри ми се рацете во текот на денот... Секогаш, секогаш е полн.

Не можам, а да не почувствувам дека ова е претстава за светот. Не е само мијалникот секогаш полн. Полни се и нашите календари, нашите распореди, нашите глави, нашите срца. Постојано. Секогаш има многу нешта што треба да се направат, многу места што треба да се посетат. Секогаш треба на нешто да се работи и нешто да се реши. Секогаш има некој што бара нешто.

Во најлошите денови, сето ова е истоштувачко. Физички е истоштувачко да се трча од едно место на друго, од една активност на друга. Да се мијат садови по цели денови.

Исто така, истоштувачко е и ментално. Секогаш да се грижиш што доаѓа следно, што друго треба да се направи, кои проекти треба да се реализираат следно. Истоштувачко е да се има глава полна со идеи и грижи и листи со нешта кои треба да се завршат. Дали нашата ќерка добро се справува на училиште? Дали јаде доволно зеленчук? Дали ги имам закажано сите неопходни прегледи? Дали ѝ купив подарок на мајка ми/сестра ми/внукот за роденден?

Куповите садови не се единственото нешто кое не исчезнува колку и да се трудиме. Но, кога ќе погледнам во мијалникот, сфаќам дека има уште една страна која не ја земам предвид.

Полниот мијалник со валкани садови значи дека цел ден можам да ѝ овозможам оброци на нашата ќерка. Веројатно значи дека сме биле премногу зафатени со неа за да можеме да ја исполниме оваа кујнска обврска. Таа е среќна и здрава и сакана денес, што е сè што посакуваме.

А полниот календар или распоред? Да, понекогаш изморува и во некои денови копнееме по тие стари добри денови кога можевме цел викенд да се излежуваме не правејќи ништо. Но, исто така значи дека сме опкружени со семејство и пријатели со кои можеме да го споделиме нашето време и нашите животи. Значи дека нашата ќерка излегува од дома и истражува и учи нови нешта. Значи дека сме доволно среќни да можеме да ѝ овозможиме часови по спорт и да присуствуваме на училишни активности со неа.

Полната глава? Да имаш полна глава со грижи значи дека се справуваме најдобро што умееме како родители. Значи дека се грижиме за нештата, колку и да се мали, од љубов кон нашите деца. Значи дека никогаш нема да се задоволиме, туку ќе сакаме да бидеме најдобрите верзии за себе за да бидеме најдобрите верзии за нашите деца.

Полното срце? Тоа го прави сето ова вредно. Кога конечно ќе добиеме шанса низ сите тие грижи, да одделиме момент за да сфатиме колку сме среќни што нашите срца се толку полни. Полни од љубов и вистинска, чиста среќа.

Еден ден, мијалникот ќе биде попразен. Но, таков ќе биде и нашиот дом. Ништо нема да биде толку полно повеќе и нешто ми кажува дека ќе ни недостасува ова.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.