Почетна » Новости » Занимливости » Медицински сестри си ги избричија главите пред да одат во Вухан за да го спречат ширењето на коронавирусот

Медицински сестри си ги избричија главите пред да одат во Вухан за да го спречат ширењето на коронавирусот

Илјадници медицински лица во Вухан неуморно работат за да им помогнат на пациентите заболени од коронавирусот. Голем број доктори и сестри од различни делови од Кина беа испратени во епицентарот на вирусот.

За да ја минимизираат веројатноста за ширење на вирусот, дел од нив си ги избричија главите пред да пристигнат таму. Видеа и фотографии од нив се шират на социјалните мрежи и привлекуваат пофалби и коментари полни благодарност.

Вухан Вухан Вухан Вухан Вухан Вухан Вухан Вухан

Видеа

Долгата коса може да пренесе патогени и претставува ризик од ширење на вирусот. Исто така, многу е потешко да се стави и отстрани заштитната опрема со долга коса.

Една од сестрите, стана вирален хит уште минатиот месец. „Моето време треба да се искористи за спасување што повеќе животи“ – Шан Сја.

Според информациите во медиумите, некои доктори и медицински сестри носат пелени за возрасни додека работат за да не мора да одат во тоалет и максимално да го искористат времето за да им помогнат на болните.

Во Кина, заболени од вирусот се 60.000 лица, а 1.353 ја изгубија битката со него.

Вухан Вухан Вухан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19464 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.