Голем број доктори и медицински сестри без прекин работат за да им помогнат на заболените од коронавирусот во Вухан, Кина. Сите тие мораат да носат заштитна опрема – маски и очила – за да не бидат и самите заразени од смртоносниот вирус. Некои од нив ги завршуваат смените преспивајќи на болничкиот под или на столица пред повторно да се вратат на работа.
Фотографии на кои здравствени работници си го покажуваат лицето станаа вирален хит на социјалните мрежи. Модринки, исеченици, рани и вдлабнатини може да се видат на нивната кожа поради предолгото носење на очила и маски, како и поради преголемата измореност и стресот.
When nurses fighting in the frontline of #coronavirus outbreak in #Wuhan take off their masks... #EverydayHero pic.twitter.com/nsiDd39sRB
— People's Daily, China (@PDChina) January 30, 2020
Докторите и сестрите во Вухан даваат сè од себе за да им помогнат на болните и честопати немаат време ниту за јадење, ниту за одење во тоалет.
Според податоците, бројот на заболени од коронавирус во Кина надмина 28.000. Бројот на жртви се искачи на 565.