Првото жариште на новиот коронавирус беше Вухан, но новите фотографии не оставаат впечаток дека градот водеше жестока битка со КОВИД-19 само неколку месеци претходно.
Големи забави се одржуваат во воден парк во кинескиот град, а бројните посетители не одржуваат дистанца и не носат заштитни маски.
Кина има речиси 85.000 регистрирани случаи на КОВИД-19 и 4.634 починати како резултат на болеста.
Поради ширењето на коронавирусот SARS-Cov-2, Светската здравствена организација на 11 март прогласи пандемија. Досега, на светско ниво речиси 22 милиони лица се инфицирани, а евидентирани се 775.500 смртни случаи.