Маж ја запроси девојката на покривот од болницата во која се запознаа и се вљубија еден во друг за време на пандемијата.
Медицинскиот брат Џејкоб Јанг ја изненади својата сакана Келси, која е медицинска сестра, со неверојатен предлог за брак. Тој организираше лажно пренесување на „пациент“ со хеликоптер до покривот на болницата во Џорџија, а потоа клекна на колено и ја праша дали ќе му биде жена. Менаџерот на болницата ги направи фотографиите велејќи ѝ дека ќе ја фотографира за Неделата на медицинските сестри.
Пресреќната девојка без размислување рекла „Да“, а подоцна сподели видео и фотографии од случката, па накратко го раскажа романтичниот предлог.
Мислев дека е само уште еден работен ден во кој преземаме пациент од хеликоптер. Но, НАМЕСТО ТОА... Љубовта на мојот живот долета со хеликоптер, клекна на колено и ме направи најсреќната девојка на планетата.
Сè уште се восхитувам колку далеку отиде мојот вереник за да ме изненади (бев 100% во шок). Мојот менаџер демек правеше фотографии за „неделата на медицинските сестри“, лажен пациент во хеликоптерот, ме тргнаа од распоредот за веднаш потоа да можам да заминам, некако ја убеди болницата да го одобри летот, моите роднини и пријатели ме гледаа низ стакло одгоре и да не го споменувам мојот ПРСТЕН ОД СОНИШТАТА!!!
Со нетрпение чекам да станам госпоѓа Јанг и да бидам засекогаш со мојот најдобар пријател. Те сакам, Џејкоб Едвард Јанг.
„Не регистрирав што се случува додека тој не клекна на колено и тогаш ми светна: ‘Леле, тој ќе ме праша дали ќе се омажам за него’. Бев во тотален шок“ – рекла Келси во интервју.