Креативна мајка максимално го користи времето дома за да се поврзе со ќеркичката, но и за да ѝ остави спомен кој вечно ќе го памети.
На почетокот од карантинот, Аби Такер започнала да создава цртежи со креда на патеката пред нејзиниот дом и да ја фотографира ќерката Шарлот со нив. Резултатот многу ѝ се допаднал, па таа одлучила да создаде фото-серијал, кој сега ѝ носи комплименти на социјалните мрежи.
„Излегуваме надвор речиси секој ден, па започнавме да цртаме сè повеќе и повеќе. Гледавме дека сите уживаат во нив и продолживме да ги создаваме. Целта е да изгледа како Шарлот да е навистина дел од овие авантури. Коментарите ми го допреа срцето“ – вели таа.