Сухани Парик, која уште од мали нозе страда од алопеција, напиша книга за да ги научи малите деца да се сакаат себеси дури и ако се соочуваат со неконтролирано опаѓање на косата.
Авторката со потекло од Индија преку книгата „Shreya's Very Own Style“, (Автентичниот стил на Шреја) цели да им покаже на сите лица со оваа автоимуна болест дека треба да го прифатат својот уникатен и поразличен изглед.
„Книгата е трогателна верзија за патувањето на мало девојче кое се обидува да открие како да ја стилизира својата коса додека живее со алопеција и како да научи да се сака себеси. Книгата има за цел да ги научи децата да бидат пољубезни едни кон други, бидејќи нивната вредност не се наоѓа во нивниот изглед, туку во нивната сила и карактер“ – стои во описот за книгата.
Сухани забележала драстично опаѓање на косата на 4-годишна возраст. „Кога бев малечка, многу сакав да бидам вклучена и прифатена. Беше тешко да се расте со оваа состојба. Ги слушав коментарите и се борев со оваа состојба која ме прави поразлична од девојчињата околу мене“ – вели таа.
Парик е мајка на близначки и моментално го очекува третото дете.
Таа пишува приказни за недоволно застапените теми со кои смета дека децата треба да бидат запознаени од мали нозе за да бидат пољубезни едни кон други.