Почетна » Новости » Занимливости » „Ќе останеш убава, љубов моја“: Жена со алопеција добива поддршка од сопругот додека тој ѝ ја бриче главата

„Ќе останеш убава, љубов моја“: Жена со алопеција добива поддршка од сопругот додека тој ѝ ја бриче главата

Алопецијата може да ја сруши самодовербата на лицето кое расте со оваа состојба. Губењето на коса во кој било момент од животот е тешко, а во таквите моменти, најважна е љубовта и поддршката од најсаканите личности.

Видео од маж, кој со милни зборови ја теши својата сопруга која има алопеција додека ѝ ја бриче главата, нема да ве остави рамнодушни.

Тој ѝ вели „Ќе останеш убава, љубов моја, ќе останеш прекрасна“, а таа рони солзи, надвладеана од емоции.

„Со коса или беа коса, мојата душа сјае“ – вели Ели на крајот од видеото.

@elipino.lifestyle Crecer con alopecia areata me hizo sentir insegura mucho tiempo, también me enseñó cómo lidiar con los desafíos. Usar extensiones, luego una peluca escondió mis inseguridades del mundo, pero sentí que no estaba siendo yo misma, auténtica. Me siento afortunada de estar donde estoy hoy y poder en un futuro mostrarle este momento tan importante a mi hijo. Si pierde su pelo o no, quiero que esté orgulloso de lo que ve en el espejo, porque nada exterior nos define.Aveces Dios nos quita cosas, personas, nos pasa por pruebas en la vida sin embargo con El y con mi familia, he aprendido que lo más valioso siempre permanece. Gracias a mi esposo y a mi hijo por enseñarme que el verdadero valor está en el amor, la fe y la esperanza. Los amo #motivaciones #alopecia #alopeciafemenina #perdidapelo #calvicie #empoderamiento #mujeresvalientes #bellezareal #autoaceptacion #amorpropio #confianzaenmimisma #soyfuerte #mujeresfuertes #nohayimposibles #cuidadodelcuerpo #cuidadodelamente #vidasaludable #bellezanatural #fuerzainterior #crecimientopersonal #resiliencia ♬ sonido original - ELi PINO

„Растејќи со алопеција, долго време се чувствував несигурна, но тоа ме научи како да се справувам со предизвиците. Носењето на екстензии, а потоа перика, ги скри моите несигурности од светот, но се чувствував дека не сум вистинската јас. Среќна сум каде што сум денес и сакам да му го покажам на мојот син најважниот момент од иднината.“

„Без разлика дали ќе ја изгуби својата коса или не, сакам да се гордее со тоа што го гледа во огледалото, бидејќи ништо надворешно не нè дефинира нас.“

„Научив дека највредното секогаш останува. Благодарение на мојот сопруг и мојот син, научив дека вистинската вредност е во љубовта, вербата и надежта“ - пишува Ели во описот на видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20843 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.