Почетна » Новости » Занимливости » Мајка на момче со Даунов синдром споделува: 9 начини на кои мојот син живее едноставен, прекрасен живот

Мајка на момче со Даунов синдром споделува: 9 начини на кои мојот син живее едноставен, прекрасен живот

Најзначајните лекции за животот понекогаш се наједноставни, а им придаваме најмала важност. Мајка на дете со Даунов синдром сподели листа со совети кои би го направиле светот подобро место за живеење ако сите ние ги почитуваме секојдневно.

Есејот на Алитеја има наидено на многу аплаузи од целиот свет.

Алекс

Со сопругот често се прашуваме што се врти во главата на нашиот син Алекс (во позитивна смисла). Алекс очигледно го доживува светот на поразличен начин од нас и посакувам да имав очила кои ќе ми дозволеа да ги видам работите од негова перспектива.

Бидејќи немам таква опција, одлучив внимателно да следам и слушам за да видам дали можам да добијам блага претстава. Го дознав ова:

  1. Луѓето се најважни. Алекс никогаш не ги зема саканите здраво за готово.
  2. Не нè прекинува кога зборуваме. Можеби едноставно е потрпелив, но се сомневам дека ова има врска и со број 1, односно нему луѓето му се многу важни и сака да нè ислушува.
  3. Го цени својот поблизок круг, а не дозволува мислењата на аутсајдери да го спречат да ги следи неговите страсти и да го прави она што му го кажува срцето.
  4. Неговиот збор е негова заповед. Нема да ви каже ДА ако мисли НЕ или МОЖЕБИ. Неговото ДА значи ДА и неговото НЕ значи НЕ.
  5. Тој се разлутува понекогаш, но потребно е само едно кикотење за да го надмине тоа. Никогаш, ама никогаш не „држи лутина“.
  6. Танцувањето и пеењето се дел од неговото секојдневие. Ако го видите како потскокнува и се врти на улица, знајте дека неговата прошетка се претворила во Дизни парада.
  7. Единствено се срами кога ќе повреди некого, што СЕКОГАШ е ненамерно.
  8. Има одлични навигациски способности. Ова дете може да се движи низ цела држава, а тоа го прави со помнење каде живеат неговите пријатели.
  9. Љубовта победува, и тој го знае тоа.

Ја ценам филозофијата и длабоките размислувања и понекогаш ги занемарувам едноставните мудрости. Благодарна сум што имам жив потсетник за тоа што е важно и добро на светов, зашто често заборавам.

Патем, Алекс има Даунов синдром.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.