Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја се во официјална посета на Јордан. 58-годишниот Претседател и 54-годишната Прва дама на Македонија беа пречекани со највисоки почести од кралот Абдула II и кралицата Ранија.
За средбата во главниот град Аман, Иванова носеше бежово костумче, додека 48-годишната Кралица избра темновиолетова креација, која ја искомбинира со сини салонки и чантичка од Ботега Венета.
За време на престојот во Јордан, македонскиот претседател ќе одржи предавање во Советот за светски прашања на тема: „Балканот, Кавказот и Блискиот Исток: Бермудскиот триаголник на Европа“ и ќе го посети Бирото за дизајн и развој на кралот Абдула.
Сопругата на Претседателот на Република Македонија беше во посета на Фондацијата „Jordan River“, невладина организација фокусирана на безбедноста на децата и зајакнување на заедницата и Детскиот музеј „Јордан“, кои се основани од Кралицата Ранија.