Папата Франциск утрово пристигна во нашата држава и беше официјално пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев.
Апостолската посета на поглаварот на римокатоличката црква на Република Северна Македонија ќе трае еден ден.
На Facebook профилот на македонскиот премиер беа објавени фотографии од свечениот дочек на Светиот Отец на скопскиот аеродром.
„Го пречекавме Светиот Отец, неговата Светост Папата Франциск. Неговата светост ни пристигна со пораки кои ги потврдуваат вредностите на нашата заедница, убавината на различните култури, етнички заедници и религии што живеат во општество еднакво за сите. Благословот на Светиот Отец се силна поддршка за сите нас“ – стои во описот.
Погледнете видео од пречекот на Папата Франциск со највисоки државни и воени почести на платото пред Кабинетот на Претседателот: