Ѓорге Иванов заедно со својата сопруга Маја присуствуваше на приемот што Доналд Трамп го организираше за шефовите на делегациите на 73. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
58-годишниот Претседател и првата дама на Македонија позираа покрај 71-годишниот претседател на САД и неговата сопруга Меланија. Фотографијата од нивната средба беше објавена на профилот на Facebook на Иванов.
Првата дама на САД шармираше во црно палто, додека првата дама на Македонија носеше креација во тиркизна нијанса.
За време на престојот во САД, 54-годишната прва дама на Македонија посети детска болница во Мичиген. За оваа пригода, таа избра црно-бел фустан и црно сако.
На минатогодишното генерално собрание на ОН присуствуваше премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица.