Македонците се меѓу најпријателски расположените народи кон гостите од странство. Според новиот извештај на Светскиот економски форум, Македонија е на четврто место по гостопримливост во светот.
Во извештајот „Travel and Tourism Competitiveness Report 2013“ биле рангирани 140 земји според компетитивноста во туризмот. Во категоријата „Однос на населението кон странските посетители“, Македонија добила оценка 6,7 на скалата од 1 до 7.
Најпријателски настроени кон туристите се жителите на Исланд, а на второто место се жителите на Нов Зеланд. Со иста оценка како и Македонија се Мароко, Австрија и Сенегал. Од друга страна, најнегостопримливи кон странските туристи се жителите на Боливија.
Од балканските држави и Босна и Херцеговина си обезбеди место во топ 10 најгостопримливи држави.
Најгостопримливи земји | Најнегостопримливи земји | |
1. | Исланд 6,8 | Боливија 4,1 |
2. | Нов Зеланд 6,8 | Венецуела 4,5 |
3. | Мароко 6,7 | Русија 5,0 |
4. | Македонија 6,7 | Кувајт 5,2 |
5. | Австрија 6,7 | Латвија 5,2 |
6. | Сенегал 6,7 | Иран 5,2 |
7. | Португалија 6,6 | Пакистан 5,3 |
8. | Босна и Херцеговина 6,6 | Словачка 5,5 |
9. | Ирска 6,6 | Бугарија 5,5 |
10. | Буркина Фасо 6,6 | Монголија 5,5 |