Трејси Лин Свини е фотографка која се инспирира од семејната љубов и создава неодоливи фотографии од заспани новороденчиња. 34-годишната мајка на три деца ги фотографира малите ангелчиња неколку денови или недели по нивното доаѓање на овој свет.
„Фотосесиите со новороденчиња ми се омилени“ – пишува Трејси на својот сајт.
Фотосесиите со малите бебиња траат од 1 до 3 часа, а се одвиваат во студиото на креативната фотографка во Род Ајленд.