Најновиот тренд во фотографијата е „млечна“ бања. Прекрасни фотографии, направени во бања со млеко од слатки новороденчиња и трудници кои уживаат во последните денови од бременоста, се распространуваат на интернет.
Белата боја на млекото помага фокусот да се стави на трудниците и малите бебенца, а цветовите додаваат мала доза свежина во нежните фотографии.
„Млечната бања е различна од традиционалната трудничка фотосесија, бидејќи наместо да ја бараш совршената поза, едноставно се фокусираш на овековечување на моментот на релаксација на мајката, која ужива во последните неколку денови кога нејзиното бебенце е сè уште во стомакот“ – вели фотографката Британи Гидли.