Не се ни обидувајте да им одолеете на овие мини Дизни принцези, бидејќи преслатките новороденчиња веднаш ќе ви го освојат срцето.
Фотографката Карен Мари сними фотосесија со шест заспани бебенца облечени како принцезите Ариел, Јасмин, Снежана, Аурора, Бела и Пепелашка.
Карен веќе 11 години се занимава со фотографирање на новороденчиња и бремени жени. „Прекрасните бајки за љубов и херојство отсекогаш биле инспирација за мене“ – вели таа.