Слатка фотосесија на четири идентични сестрички ќе ви го стопи срцето. Нема да останете рамнодушни на неодоливите насмевки на Абигејл, Мекајла, Грејс и Емили.
Фотографиите одлично ја доловуваат нераскинливата врска помеѓу 2-годишните девојчиња кои се бесценето богатство за нивните родители.
Сестричките од Канада се зачнати по природен пат. Нивната мајка Бетани се породила со царски рез во 33. недела од бременоста. Иако се родени предвреме, малите девојчиња се во добра здравствена состојба и одлично напредуваат.
Шансите да биде зачната четворка по природен пат се 1 на 65 милиони.
ВИДЕО
Фотосесијата е снимена од фотографката Касандра Џонс, која ги има фотографирано сестричките и во првите месеци од нивните животи.