Не се ни обидувајте, бидејќи нема да можете да одолеете на фотографиите од четири слатки заспани бебенца. По само еден поглед, несомнено ќе бидете освоени од 2-месечните идентични сестрички Абигејл, Мекајла, Грејс и Емили.

Сестричките од Канада се зачнати по природен пат. Нивната мајка Бетани се породила со царски рез во 33. недела од бременоста. Иако се родени предвреме, малите девојчиња се во добра здравствена состојба и одлично напредуваат.
Шансите да биде зачната четворка по природен пат се 1: 729.000.
Фотосесијата е снимена од фотографката Касандра Џонс. „Девојчињата беа неверојатни. Апсолутно немаше солзи. Всушност, тие не ни ги отворија очните капаци и спиеја како мали ангелчиња за време на целата фотосесија. Ми беше чест да ги фотографирам сите нив“ – изјавила Џонс.








