„Hair Love“е краток анимиран филм кој ќе ве исполни со емоции.
Во него прикажано е девојче кое се обидува да се подготви за специјален ден, но никако не успева да си ја направи посакуваната фризура.
По многу неуспешни обиди, таткото решава да помогне, а сепак, резултатот е катастрофален. Тогаш, разочараното девојче му покажува видео-туторијал кој го снимила мајката, па разнежнетиот татко одлучува да направи уште еден обид. Овојпат - успешен.
На крајот станува јасно дека таткото и малото девојче се подготвувале за да ја земат мајката од болница каде се лекувала од рак.
Дефинитивно нема да останете рамнодушни од нивната средба.