Прасето Пепа е еден од омилените ликови од цртаните филмови, како на децата ширум светот, така и во Македонија. Анимираната британска ТВ серија се прикажува во 180 земји и е преведена на 40 различни јазици.
Но, и покрај популарноста на ликот на Пепа, ретко кој ја познава девојката која стои зад него.
Запознајте ја 15-годишната актерка Харли Брд, која од 5-годишна возраст го позајмува својот глас за познатиот цртан филм.
Талентираната тинејџерка сними интервју за BBC во кое откри дека не ни знаела да чита кога била избрана за улогата за време на аудициите.
„Имав 5 години и не можам да се сетам добро, бидејќи бев многу мала. Отидов на аудиција за улогата и тие го слушнаа мојот глас и јас звучев како прасе, 4-годишно прасе. Па, ја добив работата. Првиот пат кога отидов во студиото, воопшто не знаев да читам. Навистина е тешко кога имаш петгодишно дете кое треба да чита сценарио. Момците од „Пепа“ ми зборуваа и ми кажуваа како сакаа да ги изговорам моите делови и јас се навикнав да ги копирам. Додека ја вршеа оваа неверојатна работа, тие исто така ме учеа да читам“ – вели Брд за почетоците на својата кариера.
Бидејќи Харли порасна, таа сега мора да го прилагодува својот глас за да звучи како 4-годишното прасе Пепа.