Почетна » Новости » Занимливости » Кога семејната фотосесија ќе тргне во погрешен правец: Бебе повраќа на лицето на мајка си

Кога семејната фотосесија ќе тргне во погрешен правец: Бебе повраќа на лицето на мајка си

Фотографија стана хит на социјалните мрежи бидејќи ја прикажува негламурозната реалност на мајчинството.

Џина ДиТомасо сподели дел од семејна фотосесија без да ја изостави фотографијата на која нејзината 6-месечна ќерка ѝ повраќа во уста.

Мајка и бебе

„За малку не ми се слоши. Но, тоа беше моето бебе, па не ми пречеше толку многу. Но, имаше кисел вкус! Плус морав да се фокусирам на тоа да не ја испуштам Емилија! Хаха. Кога ја видов фотографијата, знаев дека ќе стане хит зашто тоа е типично за мајчинството“ – вели Џина.

„Многу луѓе ја споделија фотографијата, затоа што навистина е одличен одраз на реалноста на родителството. Во едната секунда му се смееш со најшироката насмевка на твоето прекрасно бебе, а во следната, тоа ти повраќа во уста. Но, не престануваш да ги сакаш. Како мајка на две мали деца, има денови кои се невозможни, но секогаш издржуваме. Ако оваа фотографија насмее некоја мајка, значи вредело. За среќа, успеавме да направиме прекрасни семејни фотографии“ – додава таа.

Погледнете ги останатите фотографии од семејната фотосесија на Џина со сопругот и двете ќерки, 2-годишната Елијана и 6-месечната Емилија.

Семејна фотосесија Семејна фотосесија Семејна фотосесија Семејна фотосесија Семејна фотосесија Семејна фотосесија Семејна фотосесија Семејна фотосесија Семејна фотосесија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19729 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.