Почетна » Новости » Занимливости » Како да ја научиш мама да не спие? Лекција од едно бебе која ќе ги расположи мајките

Како да ја научиш мама да не спие? Лекција од едно бебе која ќе ги расположи мајките

Текст напишан од перспектива на бебето им мами насмевки на мајките во регионот.

„Како да ја научиш мама да не спие? (Лекција од едно бебе до останатите бебиња)“ на хумористичен начин ги прикажува ноќните маки на мајките.

Разбудете ја вашата смисла за хумор и читајте:

Бебе

ОК, кај мене ситуацијата е ваква. Мама ме има речиси 6 месеци... Во првите неколку месеци, беше сјајно – ќе плачев, а таа ќе ме подигнеше и ќе ме нахранеше, во која било доба, и дење и ноќе. Потоа нешто се промени. Во последните неколку недели, таа се обидува ПЦНБП (преспивање цела ноќ без прекин). Прво си мислев дека е само фаза, но стануваше сè полошо. Разговарав со други бебиња и изгледа дека тоа е прилично вообичаено откако мајките ќе нè имаат околу шест месеци. Еве за што се работи: Мајките всушност немаат реална потреба од спиење. Тоа е само навика. Многу од нив имале речиси 30 години за спиење – едноставно тоа не им е повеќе потребно. Затоа смислив план. Го нареков „Плачи бебе, плачи“.

Постапката е следнава:

Прва ноќ: Плачете на секои 3 часа додека не ве нахрани. Знам дека е тешко да ја гледате мама вознемирена поради вашето плачење. Имајте на ум дека тоа е за нејзино добро.

Втора ноќ: Плачете на секои два часа додека не ве нахрани.

Трета ноќ: Плачете на секој час и најголем дел од мајките ќе започнат да реагираат поекспедитивно по 3 ноќи. Некои мајки се поотпорни и може подолго да се противат на промените. Овие мајки можат со саати да стојат на вратата и да прават шшшшшшшшшш. Не се предавајте!

Морам ова да ви го нагласам:

ДОСЛЕДНОСТА Е НАЈВАЖНА! Ако ѝ дозволите ПЦНБП (преспивање цела ноќ без прекин), дури и ако е само еднаш, таа ќе го очекува тоа секоја ноќ. ЗНАМ ДЕКА Е ТЕШКО! Но, таа навистина нема потреба од сон, таа само се противи на промените. Ако вашата мајка е од оние кои се многу отпорни, одвреме-навреме престанувајте да плачете по 10 минути, тоа е доволно време за таа да се врати в кревет и да заспие. Тогаш почнете повторно. КОНЕЧНО ќе запали планот! Мајка ми беше будна 10 часа, непрекинато, и така знам дека таа може. Синоќа плачев на секој час. Едноставно морате да донесете одлука и да се придржувате до неа.

БИДЕТЕ ДОСЛЕДНИ! Јас плачам за сè и сешто. Вреќата за спиење ми ја заскокоткала ногата. Чаршафот ми се насобрал. Тропкалката ми направи сенка на ѕидот. Ждригнав и тоа ме потсети на круша (а круша немам јадено од ручек – од каде сега ова?). Мачката мјаукна (Требаше да знам. Мама ме потсетува на ова најмалку дваесет пати дневно. ЛЕЛЕ.) Претопло, преладно, баш како што треба – не е важно! Плачењето продолжува! Требаше време, но ми успеа. Ме нахрани во 4 наутро. Следната ноќ целта ми беше 3.30. Потребно е постепено да го скратувате интервалот помеѓу хранењата за да го нарушите мајчиниот внатрешен часовник.

П.С. Не дозволувајте оние гумени нешта да ве залажат, без разлика на тоа колку ќе ги цицате, од нив НЕМА да излезе млеко! Верувајте ми.

Бебе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20841 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.