Почетна » Новости » Занимливости » Инспиративни цитати од големиот лидер Нелсон Мандела

Инспиративни цитати од големиот лидер Нелсон Мандела

Светот го обиколи тажната вест за смртта на „таткото на модерна Јужна Африка“, Нелсон Мандела. Поранешниот јужноафрикански претседател на 95 години издиша за последен пат, но моќта на неговиот дух ќе продолжи да живее преку неговите мудри зборови кои никогаш нема да бидат заборавени.

Нарекуван и Мадиба, храбриот борец против апартхејдот кој помина 27 години во затвор пред да стане првиот претседател на Јужна Африка со темна боја на кожата, долги години ширеше пораки за толеранција, еднаквост, мир и надеж.

Нелсон Мандела

Продрете во главата и срцето на Мандела преку неколку од неговите инспиративни цитати.

„Добрината на човекот е пламен кој може да биде сокриен, но никогаш изгаснат.“

„Никој не се раѓа со омраза кон друг човек поради бојата на неговата кожа, неговото минато или неговата религија. Луѓето се учат да мразат и ако можат да научат да мразат, тие можат да научат и да сакаат, затоа што љубовта му доаѓа поприродно на човечкото срце, отколку нејзината спротивност.“

„Образованието е најмоќното оружје кое можете да го искористите за да го промените светот.“

„Јас не сум оптимист, само голем верник во надежта.“

„Научив дека храброста не е отсуство на страв, туку триумф над стравот. Храбар човек не е оној што не се плаши, туку оној кој го надминува стравот.“

„Едно од најтешките нешта не е да се промени општеството, туку да се промениш себеси.“

„Добрата глава и доброто срце се секогаш моќна комбинација.“

„Огорченоста е како пиење на отров со надеж дека тоа ќе го убие вашиот непријател.“

„Не ме оценувај според моите успеси, оцени ме според тоа колку пати сум паднал и повторно сум се исправил.“

„Победник е личност која сонува и никогаш не се откажува.“

„Чувајте ги пријателите блиску, а конкурентите уште поблиску.“

„Лидерот е како пастир. Стои зад своето стадо, дозволувајќи им на најпргавите да одат напред при што другите да ги следат, без да сфатат дека цело време сите се раководени одназад.“

Нелсон Мандела

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19746 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.