Почетна » Новости » Занимливости » „Затоа Бог создаде сестра“: Емотивен текст посветен на сите кои имаат сестра

„Затоа Бог создаде сестра“: Емотивен текст посветен на сите кои имаат сестра

Сестра... кој ја имал знае колку е убаво чувството да се има најдобра пријателка 24/7, да се има личност која те има видено во најлошото светло, но и покрај тоа, да те сака безусловно.

Шери Вајт напиша текст кој на емотивен начин прикажува како изгледа животот со сестра.

Сестра

Тој знаеше дека ќе ти треба некој со кого ќе трчаш боса низ тревата и со кого ќе правиш торти од кал. Некој со кого ќе трчаш низ прскалките под жешкото летно сонце. Некој со кого ќе правиш снежни замоци во зима...

Затоа Бог создаде сестра.

Тој знаеше дека ќе ти треба некој со кого ќе се будалиш. Некој кој секогаш ќе може да те насмее, но и расплаче...

Затоа Бог создаде сестра.

Тој знаеше дека твоето срце треба да порасне и да умееш да сочувствуваш. Знаеше дека треба да научиш да споделуваш, да научиш како да се помируваш, како да правиш компромис...

Затоа Бог создаде сестра.

Тој знаеше дека ќе ти треба некој со кого ќе се караш многу, а со кого ќе научиш да опростуваш уште повеќе. Знаеше дека железото со железо се изострува и знаеше како да те направи посилна...

Затоа Бог создаде сестра.

Тој знаеше дека ќе ти треба уште еден пар очи кој заедно со тебе ќе ја гледа сета гламурозна магија и лудилото на вашето детство. Некој кој ќе може да ја почувствува болката на спомените кои одамна завршиле и кој ќе се насмевне со очи полни со разбирање кога ќе зборуваш за старите добри времиња...

Затоа Бог создаде сестра.

Тој знаеше дека ќе ти треба нешто повеќе од најдобар пријател. Нешто што ќе создаде врска со тебе доживотно...

Затоа Бог создаде сестра.

Тој знаеше дека ќе ти треба уво кое секогаш е подготвено да те ислуша. Некој кој може да ти ја каже вистината дури и кога не сакаш да ја слушнеш, но и кој секогаш го гледа најдоброто во тебе...

Затоа Бог создаде сестра.

Знаеше дека ќе ти треба огледало кое ќе го рефлектира твојот живот. Некој кој ќе може да се сети на сите твои приказни и кој ќе ги чува сите твои тајни...

Затоа Бог создаде сестра.

Тој знаеше дека ќе ти треба некој кој секогаш ќе внимава на тебе и кој ќе биде твојата најсилна одбрана. Некој кој ќе биде твојот најголем обожавател...

Затоа Бог создаде сестра.

Тој знаеше дека ќе ти треба пријател за цел живот, кој ќе биде покрај тебе во добро и во лошо...

Затоа Бог создаде сестра.

Сестра

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21028 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.