Почетна » Новости » Истражувања » Имањето на сестра ве прави подобра личност

Имањето на сестра ве прави подобра личност

Многу родители сакаат да имаат повеќе од едно дете. Колку повеќе, толку повесело. И во право се да го сакаат тоа, затоа што така им помагаат на своите деца да станат подобри личности.

Истражувањата покажале дека и браќата и сестрите имаат големо влијание во изградувањето на личноста и односот кон другите луѓе, но сестрите влијаат многу повеќе.

Кајли и Дани МиногКајли и Дани Миног

Растењето со барем една сестра го намалува чувството на осаменост, вина и страв, а исто така ја зголемува и самодовербата – покажало истражување во кое зеле учество 400 семејства со најмалку две деца.

Без разлика дали сестрата е постара или помлада, таа ја поттикнува желбата за великодушност и го намалува ризикот од депресија.

Истражувачите откриле дека иако и браќата имаат слично влијание, сестрите влијаат многу повеќе на животот во семејството. Девојките ги охрабруваат семејствата да бидат поотворени, проблемите да се споделуваат и да се решаваат заедно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.