Емили Донован комплетно си го промени животот. Откако дозна дека свршеникот ја изневерува, 24-годишната девојка ја раскина веридбата и тргна на пат да си го трансформира изгледот.
Упорната Англичанка ослабе 44 килограми за само една година. Таа признава дека покачената телесна тежина ѝ ја „убивала“ самодовербата.
Емили тежела 101 килограм минатата година, кога целата нејзина исхрана се базирала на брза храна и калорични закуски.
„Претходно, не сакав да излегувам и да се дотерувам бидејќи не сакав да ме фотографираат. Тоа е како да како да прескокнав цело поглавје од мојот живот. Во септември минатата година тежев 101 килограм, а сега имам само 57“ – изјавила Донован, која започнала да тренира со помош на организацијата „Slimming World“.
Емили била 5 години во врска со бившиот партнер. „Се чувствував комфорно и јадев сè што тој јадеше и не размислував за тоа што внесувам. Ми беше убаво и се чувствував среќна“ – вели таа. „Никогаш претходно не готвев. Секогаш купувавме готова храна. Некогаш дури и прескокнував оброци, а наместо тоа јадев само грицки“ – додава Емили.