Нина Бадриќ со голема гордост го прими специјалното признание кое ѝ беше доделено за нејзината работа од страна на Хрватската дискографска унија.
На значајниот настан во Загреб, 52-годишната музичка ѕвезда шармираше во гламурозен костум, кој одлично ѝ прилегаше.
Славната пејачка објави фотографии на својот профил на Instagram за добивањето на „Мултиплатинумска награда за 30 години врвни дискографски достигнувања“ и напиша:
„Денес сум особено емотивна затоа што добив признание од Хрватската дискографска унија за 30 години музичка работа.“
„Не можам, а да не се сетам на сите луѓе кои беа дел од мене и мојата музичка приказна сите овие години. Кои веруваа во мене, ми ја дадоа својата доверба и заедно со мене посветено ги создадоа секоја песна, албум и концерт кои вие ги сакавте.“
„Благодарам на Хрватската дискографска унија што ми направи голема чест и гордост.“
Фотографии: Нина Бадриќ / Instagram